MSI ја претстави својата најнова линија лаптопи, меѓу кои и првиот лаптоп на компанијата сертификуван од Intel Evo иницијативата (претходно познат како Project Athena).
Prestige 14 Evo лаптопот покрај имплементирањето на 11. Генерација Intel Tiger Lake процесори, ќе нуди и автоматско будење и WiFi 6 конекција. Лаптопот има 14-инчен Full HD дисплеј со освежување од 60Hz и два Thunderbolt 4 порта. MSI Тврди дека батеријата на уредот може да издржи преку 12 часа со едно полнење, а дека со 15 минути полнење се добива до час и половина работа.
Покрај тоа, MSI ги ажурираше и другите модели во рамките на Prestige и Modern сериите. Тие исто така стигнуваат со истите процесори, имаат ново лого и модерни опции на бои.
Тука е и новиот гејминг лаптоп – Stealth 15M, за кој MSI тврди дека е најтенкиот светски гејминг лаптоп во својата класа. Преносникот има дебелина од 1,6 см и тежина од 1,78 килограми. Stealth 15M користи PCIe Gen 4 SSD, Thunderbolt 4 порт, избор помеѓу GeForce RTX 2060 или GTX 1660 Ti GPU и Tiger Lake чип. Stealth 15M има почетна цена од 1549 долари, а во продажба ќе се најде од следниот месец.
MSI објави уште една линија лаптопи наменета за бизнис корисници. Summit B и Summit E серијата лаптопи е достапна со 14-инчни или 15,6-инчни екрани во UHD или Full HD резолуција. Овие модели имаат и тачскрин опции, со оглед на тоа дека се работи за 2-во-1 модели со флип дисплеи од 360 степени. За Summit B, MSI ветува до 10 часа работен век на батеријата, со Intel интегрирана Iris X графика.
Поврзани артикли