Делови од каросеријата летале на сите страни…
Настанот, наводно, се случил кон крајот на август во Санминг, во јужна Кина, а според снимките, наводно станува збор за домашен модел, електричниот EX360 од BAIC. Според очевидци, веднаш по приклучувањето на полначот од возилото започнало да се шири чад. Сопственикот повикал пожарникари, кои дошле откако пожарот веќе го зафатил возилото.
И тогаш започнуваат проблемите. Пожарникарите започнале да го полеваат автомобилот од безбедно растојание, обидувајќи се да спречат понатамошно загревање на батериите, но очигледно тоа не било доволно да се спречи голема експлозија. Делови од каросеријата летале на сите страни, а едниот панел од автомобилот го проби покривот на бензинската станица.
Според најновите упатства, гасењето пожар на електрични автомобили оптимално е да се прави со вода. Се предлага прскање со вода која треба да се собере подоцна, бидејќи е загадена со бројни токсини. Во најложа варијатна, се препорачува потопување на возилото во вода, со што битно се крати времето потребно за ладење на батеријата.
Извор: Додај Гас