Ако сте меѓу оние на кои работите брзо им здосадуваат, посебно бојата на смартфонот, тогаш добра вест за вас е дека компанијата Vivo работи на интересно решение.
Vivo на социјалната мрежа Weibo објави видео од паметен телефон што може да ја менува бојата на задниот дел на куќиштето со едноставно притискање на копчето. Смартфонот се уште нема име ниту датум на почетокот на продажбата, но секако донесува доста возбудувања.
Компанијата Vivo оваа функција на овозможи со користење на електрохромското стакло, а истата технологија ја користеше и OnePlus за својот Concept One телефон за да ја скрие задната камера кога не се користи. Компанијата го прикажа концептниот телефон на CES, кога со користење на електричниот сигнал ја менуваше транспарентноста на стаклото.
Vivo ја унапреди оваа технологија која сега овозможува менување на бојата на стаклото.
Криењето на камерата е интересна можност, но промената на бојата во секој случај е повисоко ниво.