Huawei се подготвува за објава на нов паметен часовник под името Watch GT2 Pro, што сега се појави на нови рендери заедно со спецификациите. Watch GT2 Pro има помали рамки во споредба со GT2 моделот, а поседува 1,39-инчен кружен OLED екран во боја, со 454 x 454p резолуција. Овој модел би требало да стигне во 46 мм варијанта, додека 42 мм варијантата би имала помал дисплеј и пониска резолуција.
Huawei Watch GT2 Pro ќе биде изработен од нерѓосувачки челик, додека ремените ќе бидат од пластика или кожа. Часовникот ќе има 32GB RAM и 4GB простор за складирање, со поддршка за Bluetooth 5.1 конекција.
Изворите истакнуваат дека Watch GT2 Pro ќе го користи оперативниот систем на Huawei. Моделот од 46 мм ќе има 455mAh батерија што ќе нуди автономија на батеријата до 14 дена, а ќе биде достапна и опцијата за безжично полнење.
Присутни се вообичаените функции за фитнес, како што е бројачот на чекори, опцијата за следење на сонот и работата на срцето, SpO2 мерач. Часовникотѕ ќе може да го одредува нивото на стрес на корисникот и ќе има различни спортски модови.
Засега нема информации за тоа кога ќе биде објавен Huawei Watch GT2 Pro, но доколку се погледне датумот на протечените рендери, GT2 Pro ќе дебитира за две недели.
Поврзани артикли