Компанијата Gigabyte го најави Aorus 15P, лаптопот наменет за професионални гејмери.
Лаптопот е достапен во онлајн продавницата на Gigabyte, а основниот модел чини 1.600 долари. Gigabyte соработуваше со eSport тимовите, вклучувајќи го и G2 Esports и заеднички го дизајнираа новиот лаптоп.
Батеријата трае и до 8 часа што е одлично за еден гејмерски лаптоп со RGB тастатура. Кога станува збор за спецификациите, 15P доаѓа со екран со фреквенција на освежување од 144Hz, Intel Core i7-10750H процесор и 32 GB RAM.
Купувачите може да одберат помеѓу GeForce RTX2060 или RTX 2070 графика со Max-Q дизајн. Лаптопот има три USB, еден USB-C и еден HDMI влез, читач за SD картичка и Enthernet приклучок.
Лаптопот е опремен со Windforce Infinity систем за ладење кој подразбира два вентилатори од 12 волти.
Извор: Klix.ba