Покрај тоа што планира почеток на производство на сопствени процесори, Apple наводно развива и свои GPU решенија. Со кодно име Lifuka, претстојните графички решенија на Apple наводно ќе бидат произведени со користење на 5nm процес на компанијата TSMC, а се очекува дека ќе бидат достапни од втората половина следната година.
Според наводите на Commercial Times, Apple моментно развива GPU како дел од Apple Silicon Project. Како и A14X чипсетот, Lifuka GPU ќе го користи 5nm процес на производство на TSMC, а извештаите укажуваат на тоа дека развојот на GPU тече без проблеми. Наводно, се ветува поефикасна работа и подобри перформанси во однос на актуелните GPU решенија.
Извештајот споменува дека Lifuka GPU користи рендеринг технологија заснована на плочи, која на програмерите ќе им овозможи креирање подобри апликации и игри. Споменатата технологија веќе се користи кај компаниските A4 чипови и кај PowerVR GPU решенијата.
Се очекува дека Lifuka 5nm Apple GPU ќе биде првенствено наменет за iMac компјутерите на Apple.