Alienware ја примени технологијата на освежување од 360Hz на своите најнови и најмоќни лаптопи. Alienware Area-51m R2 и m17 R3 ќе поддржуваат 360Hz FHD панели, овозможувајќи им e-sports карактеристики на гејмерите во движење.
Area-51m R2 ја користи десеттата генерација на Intel Core i9 процесори и Nvidia GeForce RTX графички картички, додека m17 R3 моделот работи на Intel Core H и HK сериите процесори од десеттата генерација.
Освежувањето на дисплеите од 360Hz е идеално за e-sports професионалците и натпреварувачки настреоените гејмери. Ова претставува значаен чекор напред во однос на стандардните стапки на освежување на гејминг мониторите, кои досега изнесуваа до 240Hz.
Alienware е една од првите компании што ќе нуди лаптопи со 360Hz стапка на освежување, иако досега веќе имавме прилика да видиме засебни монитори со оваа карактеристика.