Замислете ја енергијата на осум сонца ослободена во исто време. Таков е гравитацискиот „шок-бран“ што се прошири од најголемото досега спојување на две црни дупки.
Сигналот од тој вселенски настан патуваше седум милијарди години за да стигне до Земјата, но сепак беше доволно силен за да ги активира ласерските детектори во САД и Италија минатиот мај.
Научниците велат дека судирот на две црни дупки произвел единствено тело со маса 142 пати поголема од нашето Сонце, наведува BBC.
Науката одамна знае за постоењето и на помалите и на поголемите црни дупки. Но, ова набљудување претставува нова класа на т.н. црни дупки со средна големина кои имаат маса од 100 до 1.000 наши Сонца.
Анализата на последните од нив доаѓа како резултат на меѓународната соработка LIGO-VIRGO која управува со три системи за откривање на гравитационите бранови во Америка и Европа.
Ласерските интерферометриски инструменти „ги слушаат“ вибрациите во временскиот-простор што создаваат навистина катаклизмички космички настани – и од 21.05.2019 година, сите се активирани од остар сигнал кој трае само една десетина од секундата.
This is incredible. The sensitivities of LIGO and VIRGO are phenomenal.
Well worth reading @JannaLevin's Black Hole Blues about their creation.
BBC News – Black holes: Cosmic signal rattles Earth after 7 billion yearshttps://t.co/DMhx15S3gX
— Lee Isaacs (@WineMan147) September 2, 2020
Компјутерски алгоритам пресметал дека се споиле две спирални црни дупки – едната со маса 66 пати поголема од нашето Сонце, а другата 85 пати поголема.
Растојанието од ова спојување се проценува на 150 милијарди километри.
Судирот на два вселенски објекти големи колку 85 наши Сонца натера многу научници да размислат за тоа, бидејки нивното разбирање за тоа дека црните дупки се создаваат од умирачки sвезди не може да се потпре на настан од оваа големина.
Ѕвездите, кога ќе останат без нуклеарно гориво, нивните јадра ќе се срушат и ќе се формира црна дупка – ако се доволно големи. Но, законите на физиката, за кои се претпоставува дека се „на сила“ во ѕвездите, сугерираат дека е невозможно формирање на црни дупки во маса од 65 до 120 пати поголема од големината на Сонцето. Ѕвезда која умира и може да носи такви објекти ќе се распадне сама по себе и ништо нема да остане зад себе.
Ако научниците се во право, тогаш најверојатното објаснување за постоењето на објект со маса колку 85 наши Сонца е дека тоа е резултат на уште поголемо спојување на црни дупки.
Извор: B92.net