Јужнокорејската компанија го претстави и Wireless Charging Trio полначот, што може безжично да полни до три различни уреди истовремено.
Samsung ја прошири својата понуда на 5G телефони со нов модел, под името Galaxy A42 5G. Компанијата објави фотографија од уредот, но истакна само неколку карактеристики, ветувајќи дека остатокот ќе го објави во друга прилика.
Galaxy A42 5G користи 6.6-инчен Super AMOLED екран, но не е спомената резолцијата. Со оглед на тоа дека Galaxy A41 веќе има 1080p дисплеј, се под тоа би било непријатно изненадување за A42 5G. Се очекува сензорот за отпечатоци под екранот и селфи камерата во засек, исто така, да бидат пренесени од A41 моделот.
На задната страна се наоѓаат уште четири камери, но Samsung не ја објави намената и функцијата на сензорите на нив. Galaxy A42 5G би требало да биде најевтиниот телефон на Samsung со поддршка за 5G, а моментно тоа е Galaxy A51 5G.
Заедно со делумната најава на Galaxy A42 5G телефонот, Samsung го објави и својот најнов таблет, фитнес нараквица и безжичен полнач. Во прашање се Galaxy Tab A7, Samsung Galaxy Fit2 и Wireless Charging Trio.
Galaxy Tab A7 е најновиот достапен таблет на јужнокорејската компанија, што пристигнува со 10,4-инчен LCC екран со резолуција 2000 x 1200 пиксели и 80% screen-to-body однос. Таблет уредот го покренува неименуван осмојадрен процесор, со 3 GB RAM и 32GB/64GB простор за складирање (тука е и microSD слот). Присутни се и четири звучници за поимерзивно мултимедијално искуство.
Камерата на задниот дел на таблетот има 8MP сензор, додека од предната страна се наоѓа 5MP камера. Galaxy Tab A7 има 7040mAh батерија, која се полни преку USB-C порт, а присутен е и 3,5 мм приклучок. Конективните опции вклучуваат Bluetooth 5.0 и Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, а во некои земји ќе биде достапна и LTE верзија.
Galaxy Fit2 е најновата достапна паметна нараквица на Samsung. Fit2 ima 1.1-инчен AMOLED екран со 3D закривено стакло, сензор за работа на срцето и 159mAh батерија. Новиот уред пристигнува во Black и Scarlet варијанти, a Samsung сугерира помеѓу 15 и 21 ден работа со едно полнење на батеријата.
На крајот, Wireless Charging Trio полначот може безжично да полни до три различни уреди истовремено. Пристигнува со USB-C to USB-C кабел, но Samsung не ги објави брзините на полнење.