Во текот на последните две години Netflix почна да се соочува со сериозна конкуренција кога е во прашање стримингот на мултимедиски содржини, филмови и серии. Поради тоа, почна да се одлучува на радикални чекори, за да го сврти вниманието на себе и да придобие потенцијални корисници. Овој пат, на сите корисници им нуди бесплатно гледање на оригинални филмови, за кои дури и не морате да бидете корисник на Netflix платформата.
При соочувањето со конкуренцијата како Disney+ и HBO Max, Netflix малку изненади со својот последен јавен гест. Се работи за тоа дека оваа позната стриминг куќа почна да нуди бесплатно гледање на оригинални содржини, па дури и на луѓето кои не се корисници на Netflix платформата. Од денеска можете да го посетите сајтот на оваа платформа и без логирање можете да ги гледате Stranger Things, Grace and Frankie, The Two Popes и уште неколку други.
Претходно Netflix само повремено бесплатно нудеше филм или емисиај како преглед што се им нудат на потенцијалните корисници, и воглавно содржините беа ограничени на достапност од еден месец. Неодамна компанијата објави многу документарни филмови за наставници и ученици на својот YouTube канал. Она што е битно да се напомене е дека се достапни само првите епизоди од сезоните на сериите, но доволно да ве заинтригира да се претплатите на стриминг и да почнете да ги гледате нивните оригинални серии. Бесплатниот материјал нема да биде достапен на мобилната апликација Netflix, како и на веб-прегледникот во рамките на iPhone уредите.