Новата достапна линија на Huawei телефони ќе го носи името Enjoy 20, а сега конечно го знаеме и нејзиниот официјален датум на објава. Huawei Enjoy 20 и Huawei Enjoy 20 Plus ќе бидат претставени на 3. септември, а благодарение на официјалниот постер знаеме и како ќе изгледаат.
Enjoy 20 Plus изгледа многу слично на Mate 30 линијата, со своите кружен камера модул на задната страна, додека стандардниот модел користи четвртест систем сместен во горниот лев агол на задната страна.
Huawei сугерираше дека ќе видиме 5000mAh батерија со поддршка за 40W брзо полнење, но не открива дали двата смартфона ќе ја имаат оваа функција. Исто така, видлив е и сензор за отпечатоци од прсти од страна, што значи дека екранот е LCD.
Неофицијално, се очекува 6,63 инчен Full HD+ панел без засек за Plus моделот и 6,6-инчен LCD панел со засек за Enjoy 20 моделот.
Неодамна се појавија и фотографии во живо за Huawei Enjoy 20 Plus, со спецификации кои го потврдуваат MediaTek MT6853 5G чипсетот.