Сингапурската државна компанија за водоснабдување PUB и компанијата Sembcorp Floating Solar Singapore, започнале со изградба на пловечка соларна електрана со вкупна инсталирана моќност од 60 MW, на езерото Tehge, кое обезбедува вода за пиење за Сингапур.
Со тоа ќе се реализира една од најголемите копнени пловечки соларни електрани на светот. Покрај тоа, ќе се намали зависноста на азискиот град – држава од возот на фосилни горива и ќе се придонесе за неговиот одржлив развој.
Електричната енергија произведена во електраната ќе се користи за водоснабдувањето, односно за обработка на водата за пиење. Се очекува постројката да биде пуштена во погон во 2021 година, и ќе покрива околу 7% од годишните потреби од енергија на компанијата PUB.