Кинеската компанија ByteDance, сопственик на апликацијата TikTok ќе ја тужи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради настојувањето да ја забрани популарната апликација поради „загриженост за националната безбедност“.
Кинеската компанија тврди дека не претставува никаква закана по националната безбедност и дека американската влада продолжува со „антикинеската политичка кампања“.
Компанијата соопшти дека владата на САД делува без докази и поднесе тужба до сојузниот суд во Калифорнија против Министерството за трговија, претседателот Доналд Трамп и министерот за трговија Вилбур Роус.
Трамп во текот на овој месец издаде две нареби кои се однесуваат на TikTok. Најпрвин, на 6. август воведе голема, но неодредена забрана за било каква „трансакција“ со ByteDance, а тоа стапува на сила на 20. септември.
Една седмица подоцна ѝ нареди на компанијата да го продаде имотот на TikTok кој се наоѓа во САД во рок од 90 дена.