Британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ соопшти дека почна тестирања со терапија со синтетички антитела за превенција и третман на Ковид-19, придружувајќи се во напорите во потрага по ефикасен лек за оваа болест.
Компанијата „Астра Зенека“, што во моментов спроведува клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус, соопшти дека раната фаза на тестирање AZD7442, комбинација на две моноклонални тела, има за цел да ја утврди безбедноста на овој лек.
Во оваа фаза се вклучени 48 здрави доброволци од Велика Британија, на возраст од 18 и 55 години.
Доколку оваа фаза покаже позитивни резултати, „Астра Зенека ќе продолжи со натамошни студии за да се утврди ефикасноста на AZD7442 во спречување на инфекција од Ковид-19, како и во лекување на пациенти кои веќе се заболени од новиот коронавирус.
AZD7442 е комбинација на две лабораториски произведени моноклонални антитела кои имитираат природни антитела произведени од човечкото тело и во моментов се користи за лекување на некои видови на карцином.
„Астра Зенека“ во јуни доби 23,7 милиони долари од американските владини агенции за подобрување на терапијата со антитела за лекување од Ковид-19.
Оваа терапија во моментов ја тестираат и американските компании „Регенерон“ и „Ели Лили“.