Компанијата LG претстави нов 31,5-инчен монитор, со ознака на модел 32UN650-W, кој е наменет за генерална употреба, вклучувајќи и гејминг.
Мониторот користи LG Display IPS панел, има 4K UHD (3840 x 2160p) резолуција, покриеност од 95% DCI-P3 спектар на бои, приказ на 1.07 милијарди бои (10 bpc) и HDR10 поддршка.
Кога се во прашање карактеристиките за гејминг, тука е AMD FreeSync поддршката, функцијата на стабилизација на црната и синхронизирање на динамичките акции. Во текот на долгото користење, мониторот нуди намалување на синото осветлување и flicker-free подесување на осветлувањето. Покрај тоа, мониторот има 5ms (GTG) одзив, агли на гледање од 178 степени, 350 cd/m² максимално осветлување и 1000:1 статички контраст.
LG 32UN650-W од приклучоците користи DisplayPort 1.2a и HDMI конектори, а присутни се и 5W стерео звучници. Мониторот ќе биде достапен од последната недела на август, а цената не е објавена.
Поврзани артикли