Метеоритот Асука 12236 е со големина на топче за голф, а се верува дека паднал на Земјата пред повеќе од милион години, поради што во себе можеби содржел материјал што е постар и од Сончевиот систем, сметаат научниците.
Интересниот метеорит кој што е откриен во 2012. година на Антарктикот, наречен е Асука 12236, а истиот би можел да им помогне на научниците да го расчистат тврдоглавиот асиметричен нарав на животот на Земјата, неодамна објавиле од НАСА.
Кога станува збор за тврдоглаво асиметричниот нарав за животот на Земјата, научниците тука мислат на обликот на аминокиселините кои што се „градежни блокови” на сите протеини.
Аминокиселините доаѓаат во „два сферни облика”, кои што научниците ги нарекуваатлевораки и деснораки.
Целиот живот кој што го познаваме користи леворак облик на аминокиселините, додека пак десноракиот не развива протеини.
Претходно споменатиот метеорит не само што е богат со аминокиселини, туку тие исто така се „левораки“, што сугерира на две работи – дека таквите аминокиселини не се ексклузивни само за Земјата или пак дека метеоритот по падот на Антарктикот контаминирал.
„Метеоритите ни кажуваат дека постои природно негирање кон левораките аминокиселини и пред настанување на животот“ – вели Даниел Главин, астролог на НАСА, астробилог и водач на новото истражување.
„Но, вистинското прашање е зошто?“ – додаде тој.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли