НАСА активно ја надгледува чудната аномалија во магнетното поле на Земјата, односно огромното подрачје на низок магнетен интезитет на небото во пределот меѓу Јужна Америка и југозападна Африка.
Овој феномен, наречен Јужноатланска аномалија (САА), веќе со години ги буни научниците. Сателитите се посебно чувствителни на ослабената сила на магнетното поле во делот на аномалијата, поради која овој предел сè повеќе е изложен на честичките на Сонцето.
Како што пренесува научното сипсание Science Alert, јужноатланската аномалија, воглавно не влијае на животот на Земјата, но има ефект на орбитата на вселенските летала, вклучувајќи ја и орбитата на Меѓународната вселенска станица.
Кога сателитите и леталата ќе минат низ аномалијата, може да дојде до нивен декфект, односно грешки на нивните технолошки системи, особено ако бидат погодени од високоенергетски протони, е наведено во текстот.
Се смета дека примарниот извор на аномалијата е вртлогот на растопеното железо во Земјеното јадро. Движењето на таа вжештена маса, создава електрична струја која на Земјата ја предизвикува магнетното поле, а тоа, како што изгледа, не мора да биде насекаде иста.
Иако оваа аномалија сеуште претставува голема мистерија за научниците, неодамнешните истражувања понудиле некакви одговори, согледувајќи ги причините и последиците од оваа необична појава.
Така, во студијата на НАСА од 2016 гоина, е објаснето дека аномалијата полека се движи во насока на северозапад.
Поврзани артикли