Американската вселенска агенција NASA соопшти дека на 2. ноември астероид ќе мине крај планетата Земја.

Како што се наведува, дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1“, е малку помал од два метра и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало.

Си-Ен-Ен посочува дека интересен факт е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори во САД, кои се потресени од ефектите од пандемијата на коронавирусот, граѓански немири и длабоки политички поделби.

Експертите од NASA, меѓутоа, пресметале дека проценетата веројатност астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.