Поврзувањето на телефонот со автомобилот преку Android Auto обезбедува многу придобивки, но има и еден услов. Во моментов е можно да се поврзете само преку кабел. Но, тоа може да се промени наскоро…
Единствената достапна опција е да се поврзете преку кабел, кој на некои возачи им дава нови одговорности, бидејќи треба да го пронајдат вистинскиот конектор. Повеќето автомобили на пазарот сè уште користат USB-A, додека некои автомобили, како оние од VW концернот, се опремени со USB-C конектори. Покрај тоа, понудата на кабли е навистина голема, но меѓу нив има и разлики, како визуелно така и по квалитет. Некои кабли не поддржуваат трансфер на податоци или не поддржуваат на ниво пропишано од производителот на автомобили (прочитајте софтвер), што создава нови проблеми.
Решението може да биде безжично поврзување на Android со Android Auto, што не е толку едноставно како што изгледа. Безжичната функција работи на 5GHz Wi-Fi технологија, која вашиот телефон мора да ја поддржува. Се шпекулира дека оваа функција може да биде ограничена со законодавството на Европската унија, но надежта е дека тоа нема да се случи. Google пред сите со оваа функција ги има опремено сопствените Pixel телефони, а во моментов истата е достапна само за неколку модели на Samsung.
Сепак наскоро тоа може да се промени. Google најави дека со доаѓањето на новиот мобилен оперативен систем Android 11, функцијата за безжична врска ќе биде достапна за сите производители на паметни телефони. Ако имате паметен телефон со оперативен систем Android 11 и поддршка за оваа функција, ќе ви биде потребен само доволно брз инфо-забавен систем, кој поддржува безжична врска со Android Auto. Она што е охрабрувачки е фактот дека некои автомобили се веќе достапни со функцијата за безжично поврзување, како со Andorid Auto така и со Apple Car.
Android 11 ќе биде претставен на крајот од оваа година, а Samsung објави дека уште во ноември ќе ги понуди своите врвни телефони со Android OS 11.
Извор: Додај Гас