Изразите на лицето воглавно ги откриваат емоциите, па луѓето најчесто се смеат кога ќе се среќни, се муртат кога се вознемирену, ги подигнуваат веѓите кога се збунети или лути. Тука се и микроекспресиите, кои често не се забележуваат, но сепак укажуваат на тоа како некој се чувствува.
Полицијата на Велика Британија форсира систем за препознавање на лицето, кој меѓу останатото го толкува и расположението на оние чии лица се скенираат. Се уште не е до крај јасно како функционира оваа технологија, но оние кои ја тестирале тврдат дека работи. Истражувачкиот институт AI Now уште во 2019. година побара системот да се забрани, бидејќи се заснова на контроверзни темели, а како најголем проблем се истакнува тоа што изразот во лицето не е целосно во врска со тоа како некој се чувствува.
Системите за препознавање на лицето се повеќе се применуваат, најпрвин во безбедносни цели, но се чини дека се далеку од совршени. Така веќе доведуваа до апсење на погрешни граѓани, па во многу држави се забранети.