Претходно во текот на овој месец Google го претстави Pixel 4a телефонот од средниот сегмент, а исто така ја најави и 5G верзијата на уредот, заедно со Pixel 5 моделот.

Досега имавме прилика да видиме само еден тизер и регионална достапност на овие телефони, а сега дојавувачот Џон Просер откри дека двата нови Pixel уреда ќе бидат претставени на 30. септември.

Според новите протечени информации, Pixel 5 пристигнува во црна и зелена боја, додека Pixel 4a 5G во црна варијанта. Pixel 4a 5G на пазарот ќе се појави подоцна во текот на октомври.

Се очекува дека двата телефона ќе имплементираат дизајн кој е инспириран од Pixel 4 серијата, додека хардверот ќе го покренува Snapdragon 765G чипсет.

Некои информации укажуваат на тоа дека ќе видиме само XL верзија на Pixel 5, но засега нема потврда на ова. Pixel 5 i 4a 5G за почеток ќе бидат достапни во САД, Канада, Австралија, Јапонија и неколку европски земји (Франција, Германија, Велика Британија и Ирска).