Се очекува дека Motorola наскоро ќе претстави два нови телефона од средниот сегмент – Moto E7 Plus и Moto G9 Plus. Досега имавме прилика да слушнеме некои информации за двата уреда, како и да видиме фотографии од E7 Plus моделот, како и два листинга за G9 Plus. Сега дојавувачот @evleaks објави две фотографии од Moto телефоните.
Moto E7 Plus има екран со засек, а ќе го напојува батерија со капацитет 5000mAh со поддршка за 10W полнење. Се очекува дека телефонот ќе го покренува Snapdragon 460 чипсет, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Фотографиите покажуваат и сензор за отпечатоци од прсти и две камери на задната страна. Се очекува дека главната камера ќе има 48MP сензор. Телефонот ќе биде достапен во сина и портокалова боја, а ќе постои и во стандардната (не Plus) верзија.
Moto G9 Plus пристигнува со punch-hole екран и засек за селфи камерата во горниот лев агол. На задната страна се наоѓа голем, правоаголен модул со четири сензори и главна камера од 64MP. Сензорот за отепачтоци од прсти е сместен од десната страна на рамката, додека Google Assistant копчето е сместено од левата страна. Знаеме дека телефонот ќе стигне со 4GB RAM и 128GB интерна меморија, ќе има 4700mAh батерија со 30W полнење. Смартфонот ќе биде достапен во сина и бронзена варијанта.