За јубилејното издание, организаторите ги најавуваат данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar, домашните Funk Shui, PMG Kolektiv и DJ FITZ.
Дел од програмата оваа година е и самостојната изложба на Sali Ertunc насловена „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.
Десеттото издание на фестивалот на нова музика е закажано за 27 август, во паркот на МКЦ. Билетите по цена од 500 денари се достапни online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=645
Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.
Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Град Скопје и Министерство за култура.