Apple и Google неодамна ја отстранија популарната видео игра Fortnite од App Store и Play Store поради кршење на нивната политика за плаќање. Компанијата Epic Games, која ја поседува играта, веќе има подготвен одговор.
Забраната дојде откако Fortnite ја прекрши политиката за плаќање на овие две компании затоа што ги охрабри потрошувачите да ја плаќаат играта директно на нив, а не на Apple и Google, пишува Gardian.
После тоа, Epic Games објави правен одговор и ги покани оние кои ги поддржуваат да се приклучат на оваа борба.
А тие верни следбеници, односно регистрирани гејмери на играта Fortnite, се повеќе од 350 милиони.