Анимација која ја прикажува целата моќ на новата Sputnik V вакцина.
Новото видео кое што има цел да ја промовира руската вакцина Спутник V, прикажува како вакцината го ослободува светот од злогласниот коронавирус.
Компјутерски генерираната анимација јa направил Рускиот фонд за директни вложувања кој што всушност го финансирал и развојот на првата регистрирана вакцина во светот.
Вакцината наречена Gam-COVID-Vak, заснована е на претходни тестирања, во обид да се направи вакцина против САРС и МЕРС, па е одобрена по само две фази од клиничките испитувања.
Исклучок е направен поради сериозност на меѓународната криза која што предизвика пандемија.
Меѓутоа, тоа ги натерало функционерите од странските влади и медицинските експерти да ја критикуваат Москва и да ја доведат до прашање ефикасноста на вакцината.
И покрај тоа, вакцината е регистрирана, а фаза 3 ќе вклучи десеттина илјади доброволци, наведуваат од Институтот Гамалеј, кој што ја разви вакцината.
Извор: Telegraf.rs