Кина е земјата која во моментов е најподготвена да се префрли на мрежата 5G.
Најновите податоци за продажба покажуваат дека во вториот квартал 33% од продадените телефони имаат поддршка за 5G, што е најголем дел во светот.
Колку тоа покачување е зголемено покажува податокот дека во првиот квартал само 16 проценти од продадените телефони биле подготвени за 5G.
Највисок процент е постигнат во јуни, кога повеќе од 40 проценти од продадените телефони имаа поддршка за 5G. Домашните производители Huawei, Vivo, Oppo и Xiaomi заземаат 96% од локалниот пазар за 5G. Нивните модели на телефони со поддршка 5G имаат просечна цена од околу 400 американски долари, но цените на ваквите модели паѓаат брзо. Huawei има најголем удел на пазарот, со удел од 46 проценти во последниот квартал.
Инвестициите исто така покажуваат колку сериозно Кина ја презеде неизбежноста за префрлување на мрежата 5G. Имено, скоро половина од инвестициите во телекомуникациските мрежи е за покривање на 5G инфраструктурата. Ова укажува на тоа дека оваа земја сериозно се подготвува за новата генерација на мобилна технологија. Ова ќе им овозможи да развијат многу иновативни решенија – од паметни градови, преку автономни возила, до сеприсутниот уред на Интернет на нештата.