Кога нешто ќе избришете од Instagram, тогаш очекувате дека има исчезнато од серверите на социјалната мрежа засекогаш, но очигледно тоа не е така.
Кога Саугат Покхарел побарал копија на фотографии и директни пораки од Инстаграм, му била испратена содржина која ја избришал една година претходно. Тоа е доказ дека информациите на корисниците никогаш не се целосно отстранети од серверите на Instagram.
Од Инстаграм тврдат дека станува збор за баг во системот кој веќе е отстранет, а Покхарел бил награден со 6 илјади долари поради укажувањето на проблемот. Тој багот го открил во октомври минатата година, а проблемот бил решен овој месец.
Засега не е познато колку овој проблем бил распространет и дали ги опфаќал сите корисници на Instagram или само одреден број.
Проблемот е воочен затоа што Покхарел имал опција за преземање на копија на своите податоци на Instagram, а оваа алатка беше воведена во 2018-та година за да се задоволат законите за приватноста.
Засега не е познато колку овој проблем бил распространет и дали ги опфаќал сите корисници на Instagram или само одреден број.
Проблемот е воочен затоа што Покхарел имал опција за преземање на копија на своите податоци на Instagram, а оваа алатка беше воведена во 2018. година за да се задоволат законите за приватноста.
Извор: Klix.ba