Цената на руската вакцина против коронавирус за меѓународниот пазар првично ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата „Р-Фарм“, Алексеј Репик.
„Според нашите процени, цената ќе биде најмалку 10 долари за две дози, за извозниот пазар“, рече тој за ТВ каналот Русија-24, наведувајќи дека првата серија веројатно ќе биде скапа.
Вакцината ќе стане поевтина кога нејзиното производство ќе достигне доволен индустриски обем, рече Репик, пренесува ТАСС.
Русија планира да направи пет милиони дози вакцини против коронавирус месечно во декември и јануари, изјави вчера директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и макробиологија „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.
„Според планот, се очекува компаниите да го достигнат целиот свој капацитет во декември или јануари. Капацитетот треба да биде околу пет милиони вакцини месечно, можеби и повеќе“, им рече Гинтсбург на новинарите.
Ако биде така, целата држава ќе биде снабдена со соодветниот лек за една година, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид 19 во светот, која ја изработи центарот „Гамалеја“.