Професорот Кауме, кој работи како шеф на одделението за заразни болести во болницата во Париз, „Пити Салпетри“, ги повика сите млади да се заразат со коронавирус сè со цел да учествуваат во стекнувањето колективен имунитет.
Ваквиот предлот предизвика голем број реакции деновиве во јавноста кога сериозни лица на сериозни позиции сакаат да ги пуштат младите да се контаминираат едни со други сè со цел да се зголеми колективниот имунитет.
„Сè е добро осмислено. Младите луѓе не нè прашуваат за мислење, тие се собираат, понекогаш организираат забави, на кои учествуваат илјадници луѓе. Сè додека не правиме ништо за тоа да го спречиме, мораме да ги прифатиме“, вели професорот.
„Мораме да ги разбереме. Си поставувам себе си прашање и мислам дека тоа не е забрането. Дури се прашувам дали можеме сè уште да мислиме во оваа земја“, објаснува експертот за заразни болести прецизирајќи дека кај младите луѓе лежи одговорот за коронавирусот.
Според него, денес проблем се собирањата на младите луѓе, но властите тоа во никој случај и на никаков начин не може да го спречат.
„Во секој случај, немаме избор. Видете како тие се однесуваат. Што сакате да направите? Да им испратите војска? Па тоа не е решение“, објаснува професорот.