За разлика од апликациите како што се LINE, Skype и Messenger, WhatsApp се потпира на бројот на телефонот за персонална идентификација. Тоа значи дека корисникот е ограничен на тоа дека може да има WhatsApp на само еден уред/телефон (не сметајќи ја веб/десктоп верзијата на апликацијата). Ова може да биде проблем за оние кои поседуваат повеќе уреди на кои би сакале да примаат пораки преку WhatsApp.
Сепак, добра вест е дека оваа ситуација наскоро би можела да се промени. Според наводите на сајтот WABetaInfo, изгледа дека WhatsApp ја претставил скриената функција во Android beta верзијата на апликацијата. Засновано на оваа функција, WhatsApp би можел да им овозможи на корисниците да го употребуваат сервисот на повеќе уреди со помош на ист број телефони.
Функцијата го носи името Linked Devices и на корисниците им овозможува да линкуваат повеќе уреди кои користат ист телефонски број со еден WhatsApp профил.
Засега нема информации за тоа кога споменатата функција ќе биде објавена во стабилниот канал на WhatsApp апликацијата.