Швеѓани кои се враќаа од одмор налетаа на подморница во заливот Ередсун и се пошегуваа дека мора да е руска. Излезе дека се во право. Имено, подморницата навистина беше руска и, судејќи според сé, пловеше на парадата по повод Денот на Воената морнарица на Русија.
Расмус Карлсон, кој ја виде подморницата од голема близина, беше импресиониран од нејзината големина и бучавата што ја произведуваше, а своите впечатоци ги изнесе во весникот Expressen.
Шведскиот весник Expressen ја објави приказната на 23-годишниот жител на гратчето Лимхамн Расмус Карлсон кој пловејќи со јахта заедно со неколку другари наиде на руската подморница.
Момците едрејќи се враќале од одмор од островот Драге. Околу шест часот попладне јахтата поминала под Ересундскиот мост кога на оддалеченост од триесетина метри од неа одненадеж се појавила подморница.
„Еден од пријателите извика „ене подморница“. Погледот отпрвин ми го засолнуваше едрото, но потоа сите ја видовме и се изненадивме, подморницата беше огромна. Прво си помисливме дека е шкотска, но откако го консултиравме интернетот сфативме дека бродот е руски“, рече еден од младичите, пренесуваат медиумите.
Според зборовите на Карлсон, на командниот мост имало четворица луѓе, еден од нив им мавнал во знак на поздрав.
„Често едрам, но никогаш не сум видел ништо слично. Подморницата едноставно беше огромна и бучна. Беше малку непријатно, ама ѓаволски добро. Нé интересираше уште и што правеше таму таа подморница“, рече Расмус Карлсон.
Шведскиот весник Sydsvenskan вечерта на 25 јули извести дека под Ересундскиот мост поминала непозната подморница. Малку подоцна војската потврди дека руска подморница поминала под мостот, забележувајќи дека ситуацијата се наоѓа под контрола и карактеризирајќи го настанот едноставно како движење.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли