Xiaomi минатата година го претстави својот прв читач на електронски книги – MiReader. Сега уредот се очекува глобално, под името Mi Ebook Reader. Производот е забележан во Bluetooth SIG базата, а Bluetooth сертификатот е потврден на 23. јули.
Сертификат покажува дека Xiaomi Mi Ebook Reader ќе користи Bluetooth 5.0 конекција. Да потсетиме, MiReader има 6-инчен e-Ink дисплеј со 221 ppi густина на пиксели. Тука е и предниот LED со 24 нивоа на подесување, за корисникот да може да чита во темнина. Уредот го покренува Allwinner процесор.
MiReaderбеше достапен и со 1GB RAM и 16GB простор за складирање, а поддржува неколку формати, вклучувајќи epub, PDF, DOC, XLS, TXT и PDF. Корисниците можат да уфрлаат и свои содржини на уредот.
Поврзани артикли