Германскиот производител на автомобили Mercedes Benz од пазарот ќе повлече 155.000 автомобили заради проблеми со клима уредите и системите за спречување на пролизгување ЕСП, соопшти компанијата „Дајмлер АГ“, сопственикот на Mercedes.
Како што беше најавено, од пазарот ќе бидат повлечени 135.000 возила од класата „ А “ заради можни проблеми со клима уредите.
Уште 20.000 луксузни и спортски модели на „мерцедес“ од чешката компанија AMG ќе бидат повлечени заради можни проблеми во функционирањето на системот ESP.
Меѓу проблематичните AMG возила се класата-Ц , GLS и супертспртоскиот модел AMG GT, се наведува во соопштението на „Дајмлер АГ“
Портпаролот на „Даимлер АГ“ за неколку германски медиуми изјави дека во двата случаја имало мали дефекти, за што поправките траеле околу половина час.