Научниците прво ги открија пациентите кои што закрепнале од инфекцијата коронавирус, но истите немале антитела на вирусот во крвта.
Потоа се докажало дека тоа е случај кај многу луѓе. Потоа следно беше откриено дека кај некои од луѓето се развиваат антитела, но истите не траат многу долго во нивната крв и дека истите најмногу 3 месеци ќе имаат имунитет против коронавирусот.
Накратко, иако антителата се покажаа како единствен начин да се стекне имунитет, очигледно дека нема истите да ја имаат водечката улога и дека можеби постои и некој друг вид имунитет на кој што треба да мислите.
Станува збор за енигматичен вид бели крвни зрнца, односно Т-клетки, кои што можат да бидат позначајни од антителата.
Од примероците на Т-клетките, научници од Кингс колеџот во Лондон дошле до податоци дека токму тие се прилагодени за детекција на протеините на површината на коронавирусот.
Што се Т-клетки?
Т-клетките се вид на имуно клетки чија главна цел е да се идентификува и убие инвазивниот патоген или пак заразената клетка.
Тоа го прават со помош на протеини на својата површина, кои што можат да се поврзат за протеините на површината од штетните патогени кои што влегле во организмот.
Бидејќи Т-клетките можат да останат во крвта со години по инфекцијата, тие исто така допринесуваат и за долготрајната меморија на имуниот систем и овозможуваат побрз и поефикасен одговор кога се изложени на стар непријател.
Неколку истражувања покажале дека луѓето инфицирани со коронавирус имаат тенденција да поседуваат Т-клетки кои што можат да го ”пронајдат” вирусот, без оглед на тоа дали претходно ги искусиле неговите симптоми.
Исто така, се докажало дека некои од луѓето кои што веќе прележале коронавирус, биле негативни на серолошкиот тест за антитела, а позитивни на тестот за Т-клетки кои што можат да го идентификуваат вирусот.
Истражувачите исто така дознале дека некои луѓе имале постојан степен на отпорност на вирусот иако никогаш претходно не биле заразени со истиот.
Што значи тоа за нашиот имунитет?
Факт е дека коронавирусот може да доведе до трајни Т-клетки, а тоа ги поттикнало научниците да проверат стари примероци крв земени од луѓе во временски период од 2015-та до 2018-та година, за да видат дали тие можат да го препознаат Ковид-19.
Откако го направиле тоа, тие потврдиле дека тие можат да го препознаат Ковид-19 вирусот затоа што некогаш во минатото веќе се сретнале со вируси кои што се со слични површински протеини.
Поврзани артикли