Како што стојат работите сега, ќе бидат потребни повеќе од една доза на вакцината за имунизација против коронавирусот, а на постарите можеби и три, изјави Бил Гејтс за CBS.
Основачот на Microsoft, кој со своите изјави за вакцината буквално го крена светот на нозе и ги запали теориите на заговор, вели дека надежта дека една доза на вакцината би била доволна, но само на почетокот на пандемијата.
.@NorahODonnell: “How many doses of the vaccine will we need?”
Bill Gates: “Well, none of the vaccines at this point appear like they'll work with a single dose. That was the hope at the very beginning.” https://t.co/Layv872iZy pic.twitter.com/F47iInstYy
— CBS News (@CBSNews) July 22, 2020
Тој во интервју за CBC News изјави дека за напорите да се најде вакцина против коронавирусот ќе биде потребен голем напор, на глобално ниво.
„Во овој момент, се чини дека ниту една од вакцините кои се прават не е доволна за заштита во една доза. Тоа беше надеж уште на самиот почеток. Можеби вакцините кои ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да земат повеќе од две дози“, изјави Гејтс.
Извор: Bankar.me
Поврзани артикли