Централниот дел на Сиднеј целосно се напојува со електрична енергија што се добива од обновливи извори, односно од соларните и ветерните фарми во Нов Јужен Велс.
Градското подрачје на Сиднеј, кое ги опфаќа центарот и повеќе од 30 приградски населби, потпиша десетгодишен договор со добавувачот „Флоу пауер“ вреден 42 милиони долари, со кој планира да ги редуцира штетните емисии за 70 отсто до 2024 година.
Сиднеј го вклучи целиот градски имот во проектот, па со чиста електрична енергија ќе се снабдуваат уличното осветлување, пет базени, 75 паркови, спортски терени, 115 згради и Градското собрание. Целта на иницијативата е емисиите на јаглерод диоксид да се намалат за 20 илјади тони годишно.
Поврзани артикли