Сметките на Twitter на Барак Обама, Џеф Безос, Џо Бајден, Илон Маск и многу други лица со високи профил и компании станаа жртви на една од најголемите сабјер-измами во историјата на интернетот.
Осомничените биткоин-измамници ја презеле контролата врз сметките што им припаѓаат на богатите и славните личности повеќе од два часа во текот на попладневните часови и измамиле барем неколку стотици луѓе да им префрлат криптовалути.
Во еден твит во нападот, кој бил испратен од сметката на Бил Гејтс, софтверски магнат, кој е второ најбогато лице во светот, им ветува на корисниците дека ќе ги удвојат сите исплати испратени на неговата биткоин-адреса во следните 30 минути.
Слични твитови се појавија на сметките на раперот Канје Вест, инвеститорот Ворен Бафет и корпорациите, вклучувајќи ги „Епл“, „Венди“, „Убер“, и апликацијата за трансфер на пари „Кеш“.
Twitter соопшти дека го разгледува нападот.
„Ние сме свесни за безбедносните инциденти што влијаат на сметките на ‘Твитер’. Истражуваме и преземаме чекори за да го поправиме“, велат од компанијата.
Повеќемина биле измамени, при што регистрирани се над 200 случаи на луѓе што испраќале пари, дури и до 100.000 американски долари.
Поврзани артикли