Речиси секојдневно се зголемува бројот на уреди и компании кои ги најавуваат или подготвуваат опциите на брзо полнење од 100W или повеќе. Сега кај 3C агенцијата е сертификуван Xiaomi телефон со 120W полнач.
Уредот со ознака M2007J1SC ќе може да достигне 20V/6A преку полначот со број на модел MDY-12-ED. Не се познати останатите спецификации, освен податоците дека во прашање е 5G телефон.
Xiaomi е моментно четврта компанија, која во претходните неколку недели вети големо зголемување на брзините на полнење. Пред неколку дена тоа го направи iQOO, а денес и утре своите полначи официјално ќе ги најават Oppo и Realme.
Lenovo на 22. јули ќе го претстави својот прв гејминг телефон Legion, кој исто така би трбало да има импресивни можности на полнење од 90W.
Поврзани артикли