„Со вакцинацијата против грип може да се елиминира еден дел од опасноста која што ни се заканува наесен“ – објаснил професорот д-р Бранислав Тодоровиќ за српски „Телеграф“.
Експертите веќе размислуваат за бранот коронавирус кој што треба да го очекуваме наесен и кој што најверојатно ќе биде присутен заедно со грипот.
Експертите велат дека многу е тешко да се разликуваат овие два вируси, затоа што се многу слични.
А, за барем малку да се олесни ситуацијата, во Србија претседателот Вучиќ веќе најави задолжителна вакцинација на над два милиони луѓе против грип.
„Ова е мала грижа во однос на тоа што нè чека. Ќе мора да избегнеме судир на грипот и коронавирусот. Вакцината против грип ќе мора да ја примат и здравствените работници, полицијата, војската, децата од три до 12 години, хронично болните, шалтерските службеници. Ќе настане катастрофа доколку се судрат овие два вируси. најтешкиот бран го очекуваме околу 1-ви ноември“ – изјавил Вучиќ.
Дали може на тој начин да помогне вакцината против грипот, дава одговор професор д-р Бранислав Тодоровиќ, епидемиолог и член на Кризниот штаб во Србија, за борба против коронавирусот.
„Да се вакцинирате навреме против грипот значи да елиминирате навреме барем еден дел од опасноста.
Значи, нема со тоа да се елиминира коронавирусот, но со тоа може да се елиминира еден фактор кој што може многу да ги отежне проблемите со коронавирусот. Тоа значи дека пред сè треба да се вакцинираат оние приоритетните групи, старите луѓе и хронично болните, а секако дека може и другите“ – изјавил проф. д-р Тодоровиќ.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли