Минатата недела се појавија рендери од Samsung Galaxy Z Flip 5G телефонот, а сега дојавувачот @evleaks ни овозможува увид во видеото на Mystic Bronze варијантата на флексибилен телефон. Видеото го прикажува смартфонот од повеќе агли и достапно е тука.
Видео клипот не ги вклучува спецификациите на уредот, но благодарение на претходниот TENAA листинг знаеме дека Galaxy Z Flip 5G нема да има премногу измени во однос на претходниот модел, со исклучок на чипсетот. Ова го потврдува и Max Weinbach од XDA-Developers тимот, кој истакнува дека најголемата разлика помеѓу 4G и 5G верзијата на Galaxy Z Flip ќе биде имплементирање на Snapdragon 865+ чипот на новиот модел.
— Evan Blass (@evleaks) July 10, 2020
TENAA листингот споменува и систем со две камери (12MP + 10MP), иако Weinbach тврди дека телефонот ќе има две 12MP камери како кај 4G верзијата. Покрај тоа, тој истакнува дека 5G моделот ќе биде за 0,5мм подебел и за 0,1мм подолг од 4G варијантата.
Претставувањето на Samsung Galaxy Z Flip 5G флексибилниот телефон се очекува на 5.а вгуст, заедно со Galaxy Note20 серија.
Поврзани артикли