Mercedes-Benz лансира комуникација по повод новата S-класа преку дигитални специјали на Mercedes me медиа платформата
Mercedes-Benz ја проширува својата дигитална информациска платформа со дополнителен формат на вести за новата S-класа, која својата светска дигитална премиера ќе ја има во септември. Во вкупно три епизоди кои започнуваат на 8 јули 2020 година, „Meet the S-Class DIGITAL“ ќе ги овозможи прв увид во некои од иновациите кои на новиот луксузен седан треба да му ја зацврстат водечката позиција на, според компанијата, најдобар автомобил во светот. Маркус Шифер, член на Управниот одбор на Daimler AG и Mercedes-Benz AG, одговорен за Daimler Group Research и Mercedes-Benz Cars COO, ќе стартува нова серија на медиумската платформа Mercedes Me со преглед на надворешноста и ентериерот на новата S-класа. Најавното видео е достапно на media.mercedes-benz.com/s-class, каде ќе бидат објавени и сите три епизоди на Meet the S-Class DIGITAL, заедно со придружните документи.
„Новата S-класа изобилува со револуционерни иновации и ја зголемува индивидуалната мобилност во луксузниот сегмент на едно ново ниво. Ние ја развивме серијата Meet S-Class DIGITAL за да им обезбедиме на претставниците на медиумите информации за клучните новини пред светската премиера“, вели Катја Бот, глобален менаџер за комуникации на Mercedes-Benz Cars & Fans.
Форматот Meet the S-Class DIGITAL, се состои од модерирани емисии со интервјуа во студио, како и извештаи од локации и тест-патеки. Секоја емисија е придружена со детални информации во форма на видеа, графика, медиумски текстови и фотографии. Можен е дури и разговор со експерти од Mercedes-Benz.
Првата епизода од Meet the S-Class DIGITAL насловена како My MBUX ќе се емитува на 8 јули 2020 година во 11:30 часот и се однесува на новата генерација на Mercedes-Benz User Experience (MBUX). Саџад Кан, член на Управниот одбор на Mercedes-Benz AG, одговорен за CASE и Горден Вагенер, главен директор за дизајн за Daimler AG, детално ќе ги презентираа новите можности за интеракција и персонализација.
Втората епизода е насловена како Meet the S-Class DIGITAL: Innovation by intelligence со фокус на безбедноста и удобноста (29 јули 2020 година), а третата епизода со наслов Meet the S-Class DIGITAL: Luxury and well-being, е фокусира на новата луксузна удобност во ентериерот (12 август 2020).
Извор: Додај Гас