Canon вчера ги претстави EOS R5 и EOS R6 – два нови напредни фотоапарати со целосен кадар во понудата на револуционерниот систем EOS R, заснован на приклучокот на иднината RF. EOS R5 како вистински уред на професионално ниво нуди фотографии со резолуција од 45 мегапиксели снимани со брзина до 20 фрејмови во секунда и е прв фотоапарат со полн кадар без штекер, кој може интерно да снима 8K RAW снимки со брзина до 29,97 сликички во секунда во 4К резолуција до 120p.
EOS R6 е совршен за ентузијасти и професионалци кои поминуваат на новата технологија и бараат подобри можности, снимање на фотографии во резолуција 20,1 мегапиксели со брзина од 20 фрејма во секунда, импресивни 4К видеозаписи до 60p и Full HD до 120p. Ништо не може да се мери со брзината и резолуцијата на EOS R5 и EOS R6 уредите.
Следната генерација на технологија на CMOS сензорот во комбинација со RF објективите со високи перформанси им овозможува на корисниците бележење на нови нивоа на детали со досега ненадмината брзина. EOS R5 i EOS R6 можат да снимаат со брзина до 20 фрејма во секунда сосема тивко со помош на електронскиот viewfinder и целосно автоматската експозиција и автоматското следење на фокусот (AF). Корисниците можат да бидат сигурни дека на фотографиите и во видеата ќе ги фатат сцените на акција, и тоа посебно квалитетно и на било која локација, без субјекти кои пречат. механичкиот и електронски затворач со првата завеса нуди и континуирано снимање со големи брзини до 12 сликички во секунда.