Руското Министерство за одбрана и Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ ја почнаа последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против коронавирусот.
Според соопштението на Министерството за одбрана, тестирањето на првата група доброволци кај кои се испитувани безбедноста и толеранцијата на вакцината, ќе заврши на 15 јули.
На друга група доброволци кај кои се тестираат ефикасноста и имуногеноста на вакцината, ќе им биде инјектирана друга состојка на вакцината против коронавирусот.
Во втората фаза, целта е да се зајакне имунолошкиот систем и да се продолжи ефектот на вакцината.
Волонтерите се чувствуваат добро, немаат никакви проблеми или несакани ефекти, а првата група ќе биде отпуштена од воената болница „Бурденко“ кога ќе ги помине завршните тестови, пренесува ТАСС.
Резултатите од тестовите на вакцината против Ковид-19, спроведени на група волонтери во Русија, покажуваат дека тие развиваат имунитет на коронавирусот.
„Во согласност со протоколот за истражување, доброволците редовно се тестираат на антитела и клеточен имунитет. Податоците покажуваат дека доброволците од првата и втората група стекнуваат имунолошки систем по инјектирање на вакцината против коронавирусот“, изјави руското Министерство за одбрана.