Најновиот преглед на апликации, кои редовно го извршува XDA-Developers, открива дека Xiaomi работи на функцијата налик на Top Shot, која ја има Google Camera апликацијата. Xiaomi ја нарекува својата функција „AI Shutter“ и веројатно ќе биде имплементирана во следноот MIUI 12 ажурирање.
Функцијата AI Shutter е креирање на burst фотографии, а потоа избирање на најдобрите со помош на machine learning алгоритамот. Софтверот воглавно пронаоѓа снимка на која субјектот е со насмевка, не трепери и гледа во камерата.
Откриени се и неколку други функции кои пристигнуваат во MIUI 12 апликацијата на камерата, а меѓу нив се Magic Clone и поддршка за full-screen гестикулации. Овие карактеристики ќе можат корисниците да ги испробаат откако ќе добијат стабилно MIUI 12 ажурирање.
Поврзани артикли