По објавата на Realme X50 Pro 5G моделот на европскиот пазар во мај, Realme се подготвува на 8. јули во Европа да претстави уште еден модел од X серијата.
Според наводите на кинеската компанија, овој телефон на пазарите во Европа ќе биде понуден како X50 5G. Засновано на официјалните спецификации кои досега се појавија, во прашање е ребрендиран Realme X50m, кој претходно е објавен во Кина.
Некои од потврдените спецификаии вклучуваат 120Hz освежување на екранот, Snapdragon 765G чипсет, четири камери до 48MP главен сензор, две селфи камери, течно ладење, Dolby Atmos и hi-res звук, како и поддршка за 30W брзо полнење.
Доколку навистина е во прашање ребрендиран Realme X50m, може да се очекува и 6,57-инчен FHD+ LCD дисплеј, како и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката. На главната камера од 48MP ќе и се придружи и 8MP ултраширок сензор, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина. Предните камери ќе имаат 16MP и 2MP сензори,
Realme X50 5G би требало да има и 4200mAh батерија, Realme UI заснован на Android 10 софтвер и 6GB+128GB и 8GB+128GB опции за RAM и простор за складирање.