Google потврди дека е нов сопственик на North. Канадскиот стартап досега беше најпознат по своите паметни очила Focals, кои го интегрираа холографскиот дисплеј во модерна рамки.
Google не ги откри условите на договорот. Меѓутоа, компанијата вели дека тимот на North ќе и се придружи на канцеларијата во Kitchener-Waterloo во Канада.
„Техничката експертиза на North ќе ни помогне, бидејќи и натаму вложуваме во нашите хардверски настојувања и амбиенталана компјутерска иднина“, соопшто Google. Уште повеќе, North ја завршува поддршкаѕа за Focals.
„Го запираме Focals 1.0 и нема да го испорачуваме Focals 2.0, но се надеваме дека ќе продолжите со нас, додека го почнуваме ова следно поглавје“, објави стартапот на својата веб-страница.
SCOOP: Smart-glasses maker @focalsbynorth, once one of Canada’s most high-profile startups, is being bought by Google/Alphabet for about $180-million, sources say. We've learned the company likely sold very, very few Focals and was running out of money. https://t.co/SbGYyBycqt
— josh o'kane (@joshokane) June 26, 2020
Според The Globe and Mail, технолошкиот гигант плати приближно 180 милиони долари за купување на стартапот. И покрај намалувањето на цената од 400 долари на почетокот на 2019. година, North на потрошувачите им продаде многу малку од своите паметни очила Focals, а Globe вели дека на компанијата и снемало пари пред да биде склопен договорот. Во април, соосновачот на North, Стивен Лејк навесто дека North работи на моделот од втората генерација.
Со Focals, North помислуваше на мноштво паметни решенија за некои од проблематичните точки, кои настанаа со претходните носечки уреди како Google Glass. На пример, секој Focals доаѓаше со прстен за носење на показалецот. Содржеше мал џојстик и D-pad, кој ви овозможува да управувате со паметните очила без да ги допирате и да го свртувате вниманието на себе.
Поврзани артикли