MSI се подготвува за објава на нов професионален монитор, под називот Pro MP241. Мониторот е наменет и за професионална и комерцијална употреба, а креиран е од квалитетни материјали, за да се овозможи подобрено искуство во текот на работата и да се зголеми продуктивноста.
Мониторот користи 23.8-инчен IPS 8-битен (6bit+FRC) панел со Full HD резолуција, има anti-glare завршница, 7ms одзив, агли на гледање од 178 степени и 60Hz стапка на освежување на екранот. Типичното осветлување е 220 нита, а контрастот изнесува 1000:1, со 102% покриеност на sRGB спектарот на бои.
MSI Pro MP241 го поддржува ексклузивниот Display Kit на компанијата MSI, со Picture-by-Picture функции, прилагодување на подесувањата на боите и профилите во зависност од апликациите, како и различните други алатки (виртуелна тастатура, лупа, конфигуратор на подесување на маусот и друго).
Опциите за конекција вклучуваат 1x HDMI 1.4 и 1x D-Sub (VGA) портови. MSI не ја објави цената и достапноста на Pro MP241 мониторот.