Оваа уредба не се однесува на луѓето кои ќе застанат или ќе седнат на клупа за да го користат телефонот.
Милиони луѓе во светот во секој момент гледаат во екранот од својот паметен телефон и додека одат по улица. За некои смартфонот е задолжителен дел од секој ден, за други, пак, телефоните се причина за постојано судирање со столбови, со други луѓе, па дури и со автомобили.
За да избегнат вакви непријатни случки, во јапонскиот град Јамато донеле необична уредба – се забранува истовремено одење по улица и користење на телефон.
Градот, кој всушност е предградие на Токио, ги третира смартфоните како опасност за јавното здравје. И иако претворањето во закон звучи како нешто бизарно, забраната наводно е популарна меѓу 240 илјади жители на Јамато.
Додека патниците пристигнуваат на железничката станица, снимена порака предупредува дека не е дозволено користење смартфони додека се шета по тротоарите или парковите.
„Користењето смартфони додека одите е забрането. Ве молиме работете на вашите смартфони откако ќе застанете“, порачува снимката. Но, засега тоа е тоа – нема казна за твитањето во од, освен можеби лутината на оние околу вас.
Оваа уредба не се однесува на луѓето кои ќе застанат или ќе седнат на клупа за да го користат телефонот.