LG досега се уште не им се приклучи на водечките производители на пазарот на флексибилни телефони, но јужнокорејската компанија наводно работи на телефон кој може да се свиткува. Уредот во август минатата година е забележан на 3D рендери, кои се засновани на патент на LG.
Сега нов извештај од Јужна Кореја сугерира дека LG ќе го претстави својот смартфон на свиткување на почетокот на 2021. година, а уредот моментно го носи кодното име „Project B“.
Интересно е дека дисплеј панелот за овој телефон ќе го произведува BOE, а не LG Display, но не е позната причината за оваа одлука. Производството на прототипот е веќе во тип. Произведени се околу 1000 до 2000 прототипи, а вообичаено по три до четири произведени прототипи се почнува со финалната производна фаза.