Компанијата Tesla во последниот извештај објави дека беше во можност да испорача 90.650 возила во текот на последниот квартал, и покрај тоа што многу фабрики се затворени поради коронавирусот.
Експертите очекуваа компанијата успешно да испорача околу 72.000 автомобили во периодот од април до јуни, но Tesla помина далеку подобро. Ова е втор квартал по ред во кој се забележани резултати подобри од очекуваните, бидејќи во првиот квартал на 2020. биле испорачани 88.400 возила, иако се очекуваше бројот да биде значително помал. Резултатите, сепак, се полоши од последниот квартал на 2019. година, кога биле испорачани 112 илјади примероци, но ако се земат во предвид затворените фабрики, сепак се одлични.
Компанијата ја следат и контроверзи во врска со одлуката на Елон Маск, некои фабрики повторно да ги отвори, и тоа пред таквиот потег да биде одобрен од државата. Поради тоа е осомничен за загрозување на јавното здравје. Фабриките, сепак, останаа отворени, благодарение на што автомобилите беа испорачани на време.